15 повредени во тепачка со ножеви меѓу ученици

0
1554

Двајца ученици во училиште во рускиот град Перм се одговорни за напад во кој се повредени 15 лица од кои 12 се хоспитализирани, соопштија руските власти. Како што се наведува, тие почнале расправија со употреба на студено оружје, а останатите ученици и наставници се обиделе да ги спречат, со што и самите се здобиле со повреди.

До караница дошло за време на наставата, пренесе РИА Новости, но не се познати причините за тоа. Од училиштето се евакуирани 700 ученици, а наставата е прекината. Во тек е истрага, а напаѓачите се приведени.