15 см снег во Битола

0
933

Утрово до 7 часот висината на снежната бокривка беше: 2 см во Штип, Д. Капија, Виница, 3 Струмица, 5 Кр. Паланка, 7 Прилеп, 8 Претор, Скопје Петровец, Скопје Зајчев Рид, 10 Тополчани, Куманово, 11 Берово, 13 Тетово, Дебар, 14 Крушево, 15 Битола, 16 Ѓуриште, 20 Лазарополе, 22 Пожаране, 25 Маврово.

Утрово најстудено беше во Маврово до -7 степени, -5 Пожаране, -4 Ѓуриште, -3 Тетово, Лазарополе, Кр. Паланка, Крушево, -2 Прилеп, Дебар, Берово, -1 Скопје Зајчев Рид, Скопје Петровец, Куманово, Битола, Виница, 0 Штип, Претор, Струмица, Д. Капија, 1 Охрид, 2 Гевгелија, 3 Тополчани, 4 Дојран.

Времето денеска облачно со повремени врнежи со слаб до умерен интензитет, во јужната половина претежно од дожд, во северната од снег. Повеќе врнежи ќе има во попладневните и вечерните часови и тогаш повторно речиси насекаде ќе бидат од снег, освен на југоистокот. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата ќе достигне од 2 до 9 степени.

За време на викендот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во претпладневните часови. Наутро на повеќето места температурите ќе бидат за 2 до 3 степени под нулата. Во сабота во западните делови ќе провејува слаб снег, а на југоистокот ќе има слаб дожд. Постепено затоплување со врнежи главно од дожд ќе има од недела попладне.