15 учесници од 5 земји, учесници на Меѓународен волонтерски камп во Битола

Деновиве во Битола Младинскиот културен центар организираат Меѓународен волонтерски камп Битола отворен град. Домаќини се на 15 волонтери од 5 земји од Западен Балкан.

Интеркултурното учење, растот и развојот на младите во креативна и ангажирана средина се основни карактеристики на кампот. Самиот камп промовира соработка, помирување и надминување на етничката дистанца помеѓу младите од Балканот.

 

Волонтерите ќе бидат вклучени во логистичка и техничка поддршка на настаните на фестивалот, во промотивни активности на терен, како и во поддршка на уметниците кои ќе бидат присутни на фестивалот.

15 млади лица со различна образовна, економска, социјална и културна позадина истражуваа значајни културни споменици и нивните приказни во Битола.

Кампот е со поддршка на Регионалната канцеларија за младинска соработка РИКО во рамките на регионалната програма за размена на волонтери ПАТ Западен Балкан 6 (ROUTE WB6) финансиран од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Во врска со концертите за одбележување 20 години Битола отворен град, МКЦ. информираа дека настаните закажани за периодот од 9 ти до 11 ти септември, се презакажуваат. Истите ќе се одржат на 12 ти септември, во археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис со почеток во 21 часот.

На концертот ќе настапат Stereo Banana, LOVELY ITOYA и Кирил Џајковски.

 

Сподели