15 години „Без навреда“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Магазинот за хумор и забава „Без Навреда” овој месец (октомври) одбележува јубилеј, 15 години постоење.

За овие 15 години од печат излегле 106 броеви на магазинот. Во досегашните броеви има 23 измислени духовити интервјуа, над 100 измислени или вистински анегдоти, безброј приказни со неограничен рок, 257 предлози и мислења во рубриката мој личен став, над 2500 карикатури, повеќе од 200 фотографии, 1600 афоризми, 6500 вицови, 106 пораки од Чкембо и друго.

Уредникот на магазинот Панде Димитровски во овој број ја искажа искрената благодарност до сите оние што го создаваат и ќе го создаваат магазинот, до сите верни читатели, како и до нивните верни пријатели и помагатели.

 

Share.