16 годишно девојче во Крани со кола удрило во пешак, паркирани возила и канделабра

На 01.05.2021 во 21,00 часот било пријавено дека во автокампот Крани-Ресен патничко моторно возило “фолксваген“ со ресенски регистарски ознаки управувано од непознат возач удрило во 21 годишен пешак од Битола, како и во две паркирани возила и канделабра, по што го напуштилo местото на настанот.

Во незгодата лицето се здобила со тешки телесни повреди. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Ресен.

По превземени мерки утврден е идентитетот на возачот, станува збор за 16 годишнo девојче од Скопје, со кое бил извршен разговор во присуство на родител и претставници на Центарот за социјални работи Ресен и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Сподели