ТЕРА

REKLAMA???

16 ЗАГИНАТИ И 97 РАНЕТИ ЛИЦА ВО РУСКИ НАПАДИ ВРЗ УКРАИНА

Претседателот на САД, Џо Бајден истакна дека последниот руски ракетен напад врз Украина е „силен потсетник“ дека рускиот претседател Владимир Путин останал посветен на уништувањето на Украина и рекол дека „тоа мора да се запре“, објавија британските медиуми.

Тоа беше најголемиот воздушен напад откако Русија ја нападна соседната земја во февруари 2022 година.

-Тоа е остар потсетник за светот дека по речиси две години од оваа разорна војна, целта на Путин останува непроменета. Тој сака да ја уништи Украина и да го потчини нејзиниот народ. Тој мора да биде запрен, рече Бајден.

Русија изврши воздушни напади врз украински инфраструктурни објекти, индустриски и воени, низ цела Украина – во Дњепропетровск, Киев, Лавов, Одеса, Харков, градот Запорожје, како и во регионите Хмељницки и Тернопол, што предизвика експлозии, соопшти командантот на украинските вооружени сили Валериј Залужњи.

Тој на Телеграм не соопшти детали за нападите.

Според прелиминарните податоци, Русија синоќа и утринава ја нападнала Украина со 158 проектили и дронови, наведе Залужњи. Тој рече дека украинската воздушна одбрана пресретнала 87 проектили и 27 беспилотни летала од типот „шахид“, пренесува Интерфакс Украина.

Според Залужњи, руските сили прво нападнале со дронови „шахид“ од север и југоисток, а потоа имало напади од запад.

Командантот на украинските воздухопловни сили Никола Олешук на својот канал на Телеграм напиша дека ова е најмасовниот воздушен напад од почетокот на рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година. Според украинските воздухопловни сили, претходниот најголем напад бил во ноември 2022 година, кога Русија истрелала 96 проектили врз Украина.

Украинскиот јавен обвинител изјави дека во последниот бран руски напади загинале најмалку 16 лица, а речиси стотина биле повредени.

„Непријателот истрела над 150 проектили и нападни беспилотни летала врз мирните украински градови. Потврдено е за 16 загинати и 97 ранети, меѓу кои најмалку две деца на возраст од шест и осум години“, објави на социјалните мрежи главниот обвинител Андриј Костин.