16 загинати откако гром удри во црква

0
282

Најмалку 16 лица загинале во Руанда, кога гром удрил во црква на Адвентистите од седмиот ден.

Вкупно 14 лица загинале на лице место, а двајца починале подоцна во болница, соопшти денеска градоначалникот на округот Наругуру.

Во инцидентот биле повредени 104 лица кои веднаш биле испратени во болници и други медицински центри.