16 мигранти, меѓу кои и 4 деца се удавија во Егејско море

0
342

Бегалци и мигранти кои од Турција се упатиле кон Грција загинале откако нивниот чамец се превртел во близина на грчкиот остров Агатониси, што се наоѓа во близина на турското крајбрежје.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, според грчката крајбрежна служба, најмалку 16 лица, меѓу кои и четири деца го загубиле животот. Две жени и еден маж успеале да се спасат и да стигнат до брегот на островот, а на надлежните служби им рекле дека во чамецот се превезувале уште други 19 лица.

Од утрово во тек е спасувачка акција на грчката крајбрежна служба во која учествуваат бродови и хеликоптери, но и нуркачки единици.

Грчкиот министер за поморство Панајотис Курублис и неговиот заменик Нектариос Санторињос се информирани за случајот и се постојано во контакт со грчката крајбрежна служба.

faktor.mk