ТЕРА

REKLAMA???

16 САНКЦИОНИРАНИ ВОЗАЧИ НА МОРОЦИКЛИ ВО БИТОЛА

Во текот на денешниот ден на подрачје на  Битола во времето од 11.00-15.00 часот беше спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 16 возачи.

Од нив, 12 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 3 возеле без возачка дозвола, 1 моторцикл бил нерегистриран како и останати прекршоци, соопштија од битолската полиција.

Од таму велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.