16 ракометари на Голдер Арт КЛ7 позитивни на ковид-19

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ја информира целокупната спортска јавноста и надлежните институции дека по натпреварот од второто коло на македонската Суперлига во ракомет, кој се одигра во Радовиш против истоимениот тим, кај дел играчите се појавија симптоми карактеристични за вирусот ковид19 (покачена температура, губење на вкус и мирис), па поради тоа клубот како институција која е максимално одговорна спрема своите играчи и вработени веднаш изврши Ковид тестирање во Клиника Жан Митрев (преку брис од нос и грло) на комплетниот играчки кадар, стручниот штаб и комплетната логистика на клубот, по кое се откриени 16 ковид-19 позитивни резултати.

Според прописите за третман на лица кои се ковид-19 позитивни и лицата кои имале контакт со нив, комплетниот играчки кадар ќе биде ставен во изолација во следните 15 денови.

Share.