18 години ГЛОУ Камп

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Младинската Асоцијација ИМКА во соработка со Мировниот Корпус и оваа година го организира Кампот ГЛОУ (Girls Leading Our World). На кампот учествуваат 80 девојчиња од повеќе места низ државава поддржани од 36 волонтери и персонал. Кампот се одржува во детското одморалиште Бегова Корија (поранешно Шула Мина) на планините во близина на Крушево во периодот 25 јули – 1 Август 2019.

 

Наставата вклучува граѓанска одговорност, лидерство, животна средина, младинска вработливост и оспособување на девојките. Дополнително, кампот обезбедува можности за кампување на отворено, тимска работа, учење различни спортови и рекреација, уметничко изразување и други корисни и практични вештини.

 

Мисијата на ИМКА и на овој камп е оспособување на младите луѓе и развивање на вродениот потенцијал кој тие го поседуваат преку обезбедување на вештини и знаења неопходни за да станат активни лидери во нивните средини. Ова се прави преку искуствено образование кое промовира разноликост, гради академски и социјални вештини кај младите. Програмата се темели на спој на неформалното образование и едукација на отворено.

Share.