18 нови песни на годинешниот фестивал Си-До

0
1325

СИ-ДО, битолскиот детски музички фестивал се роди како резултат на долгогодишната музичка традиција на Битола.
Периодов во подготовки е 22-то издание.
-Интензивно работиме и се подготвуваме уште од октомври минатата година-информираше Дарко Шерденков.

Денес, овој детски музички фестивал има значајно место во културниот живот на градот, како и на многу поклоници на овој вид музика, посебно кај најмладите.

18 нови песни од кои 15 се македонски и 3 песни на гости од странство, се она што ја очекува публиката на годинешното издание кое ќе се одржи на 27-ми април во Центарот за култура Битола.

Некои од музичките надарени деца учесници на овој фестивал, денес се познати пејачи на македонската естрада.
Детскиот фестивал Си До, има соработка со повеќе меѓународни детски фестивали.