18 починати лица, најмладиот пациент на 35 години

Министерството за здравство вчера соопшти дека регистрирани се 18 починати лица: 7 починати лица од Скопје (92г, 90г, 88г, 76г, 72г, 70г и 35г), по 2 починати лица од Валандово (70г и 64г), Кавадарци (74г и 71г), Крива Паланка (88г и 78г), и по едно починато лице од Куманово (62г), Струмица (78г), Свети Николе (86г), Велес (66г) и Тетово (49). Одпријавените сите лица се починати во болнички услови.

Во однос на 35 годишното починато лице од Скопје, истото е со дијагноза Sy anxyosum, Obesitas, HTA и шизотипно растројство, 49 годишното починато лице од Тетово е со дијагноза HTA и St post Tromboflebitis, пациентката била на антикоагулантна терапија.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се пријавени дополнителни починати лица.

 

Сподели