ТЕРА

REKLAMA???

18.000 ПОЗИТИВНИ И 6 ПОЧИНАТИ ЛИЦА ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА

Повеќе од 18.000 случаи на Ковид-19 се потврдени во Северна Кореја, објави денеска новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на Корејската централна телеграфска агенција.

Шест пациенти починале како резултат на инфекција со коронавирус во Северна Кореја.

Во извештајот се вели дека подваријантата на Омикрон, позната и како Стелт омикрон, е откриена во Северна Кореја.

Агенцијата објави дека од април, повеќе од 350.000 луѓе имале треска „за краток временски период“, додавајќи дека најмалку 162.200 од нив се „целосно излекувани“ од тогаш.

Агенцијата соопшти дека причината за вирусот „не може да се идентификува“ и дека „експлозивно се проширил низ целата земја“.