18 пациенти од Битола се хоспитализирани на инфективното одделение

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На инфективното одделение во Клиничката болница во Битола денеска бројот на хоспитализирани пациенти е 30, а од нив 18 лица се од Битола.

Според директорката на Клиничката болница д-р Билјана Гагачовска за разлика од пред неколку месеци кога имаше хоспитализирани по двајца-тројца пациенти од Битола, последниот период голем дел од пациентите се од Битола.

Клиничката болница во Битола е ковид болница и во неа се хоспитализираат паценти од југозападниот регион на држвата.  Во првите неколку месеци од кризата главно беа пациенти од охридско-струшкиот регион, потоа и пациенти од Ресен кога таму имаше драстично зголемување на бројката на заразени, како и од Кичево.

Но, она што сега е забележително е дека се зголемува бројот на пациенти од Битола кои се хоспитализираат, како и тоа дека се спушта возрасната граница на пациенти кои се хоспитализираат на инфективното одделение на Клиниката во Битола.

Таа апелира граѓаните да ги почитуваат мерките на заштита и препораките на здравствените власти и сега кога бројот на заразени лица се зголемува како во Битола, така и во околните градови.

 

Share.