18 жртви во запален автобус во Германија

0
807

По автобуската несреќа на автопатот А9 кај Минхберг во Баварија, полицијата стравува дека настрадале сите 18 патници кои се водеа за исчезнати. Повредени се 30 лица.

Автобусот кратко по седум часот утрово се судрил со камион на автопатот А9 во близина на Минхберг, по што се запалил и целосно изгорел, останат е само јагленосаниот скелет од возилото. Во автобусот се наоѓале 46 патници и двајца возачи. 18 лица, кои се водеа за исчезнати, веројатно загинале во несреќата, соопшти полицијата, а 30 луѓе се повредени, од кои две се во потешка состојба. Туристичката група доаѓала од Саксонија. Експерти од судска медицина во меѓувреме трагаат по остатоците од настраданите патници. Полицијата, надевајќи се сѐуште дека сепак има уште преживеани, неколку часа не го соопштуваше бројот на жртви.