19 годишниот Христијан создаде свое „Off-road“ возило

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

19 годишно момче од прилепското село Боротино, Христијан Котески, кој е автомеханичар по професија, создаде свое Off – road buggy возило. Возилото го дизајнирал и составил сам, а носи дизел мотор 1.6 на Форд со мала потрошувачка од 4 литри на 100 километри.

Котески во изјава дадена за медиумите истакнува дека дека моторот е со ланец со што се избегнуваат проблемите од кинење на ребраст каиш и дека допрва ќе го усовршува buggy-то за да може да го регистрира и да може слободно да го вози во сообрајќај.

Неговото возило мометнално е со преден погон, но додава дека сака да го надогради и со деференцијали за да може да има погон на сите четири тркала и така да може полесно да ги совладува Off – road терените.

Христијан својот автомобил го направил целосно сам, а тоа значи дека не се работи за преправка на некој претходен модел, туку целосно, дел по дел го конструирал и составувал.

Првичната верзија која ја составил имала друг изглед, но не му се допаднала и одлучил да го преработи за да го добие изгледот кој го посакува.

Интересно е и тоа што на него вградил додаток нож за расчистување на снег па со тоа го направи уште по атрактивно.

Возилото го работел 2 години и како што вели досега го чинело околу 2000 евра.

Share.