ТЕРА

REKLAMA???

19 ЛИЦА ЗАГИНА ВО КИНА КОГА СЕ УРНА ДЕЛ ОД АВТОПАТ

Најмалку 19 лица загинаа кога се урна дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг, објави кинеската државна телевизија Си-Си-Ти-Ви.

Дел од патот долг 17,9 метри се срушил околу два часот наутро, објавија властите во главниот град Гуангдонг, Меижоу, пренесува АП.

„Околу 11:45 часот по локално време, 18 автомобили се пронајдени под урнатините (на патот). Властите потврдија 19 смртни случаи, а уште 30 лица се во болница, но нивните животи не се во опасност“, информира телевизијата.

Регионот изминатите денови бил погоден од обилни врнежи од дожд.