1932 лица денеска вакцинирани во Битола и битолско

Денеска во вакциналниот пункт во Битола биле вакцинирани 1720 лица. Ова е бројка за вакцина во прва доза и ревакцинација. Деновиве поголем е бројот на лица кои се ревакцинираат во пунктот во Битола, отколку на оние кои се вакцинираат по прва пат.

На теренската вакцинација денеска се вакцинирани со прва доза 212 лица, а се вакцинирше во Новаци, Мегленци, Арматуш, Грумази и Гнилеж, Рибарци, Гнеотино, Брод, Бач, Добровени, Скочивир и Сливица, Живојно.

Утре теренската вакцинација продолжува во:

с. Добромири од  08 – 09 часот (во училиште)

с. Долно Агларци од 09 – 09:30 часот (во амбулантно возило на сред село)

с. Горно Агларци од 09:30 – 10 часот (во амбулантно возило на сред село)

с. Далбеговци од 10 – 10:30 часот (во амбулантно возило на сред село)

с. Дедебалци, с. Путурус и с. Црничани од 10:30 – 11:30 часот (во училиштето во с. Дедебалци)

с. Добрушево и с. Алинци  од 11:45 – 12:45 часот (во училиштето во с. Добрушево)

с. Мусинци и с. Мојно од 12:45 – 13:15 часот (во училиштето во с. Мусинци)

с. Ношпал од 13:15 – 14 часот (во училиште)

 

Сподели