2 нови случаи во Битола и 10 оздравени пациенти

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

• Направени се 1.529 тестирања, а регистрирани се 111 нов случај на КОВИД-19:

Скопје – 83, Прилеп – 6, Велес – 5, Кавдарци – 4, Куманово, Тетово, Битола и Крива Паланка – по 2, Гостивар, Штип, Струмица, Кочани и Гевгелија – по 1.

• Регистрирани сe 165 оздравени пациенти од: Скопје иКуманово – по 25, Штип – 21, Кавадарци – 18, Кочани – 13, Велес – 11, Битола и Свети Николе – по 10, Прилеп – 6, Охрид и Кратово – 5, Радовиш – 4, Пробиштип – 3, Гевгелија – 2, Кичево, Струга, Неготино, Ресен, Виница, Демир Хисар и Пехчево – по 1.
• Во текот на изминатите 24 часа починале 15 лица: 5 починати лица од Скопје (56г, 69г, 72г, 75г и 91г), по 2 починати лица од Кавадарци (64г и 84г) и Кичево (54г и 87г) и по едно починато лице од Велес (72г), Берово (56г), Гевгелија (64г), Кочани (76г), Крива Паланка (61г) и Струмица (81г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

 

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица содијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 09.09.2021 до 11.09.2021 година. Регистрирани се 2 лица од Дебари едно лице од Гостивар на возраст од 56 до 82 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.324.894 тестирањана Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.002бројката на оздравени пациенти е 181.196, на починати е 6.849, а бројот на активни случаи изнесува 6.957.

Сподели