2 800 бесплатни вакцини против грип за Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Вакцинацијата против грип ќе почне деновиве, што е оптимално време за вакцинација, бидејќи во земјава пикот на активноста на вирусот се очекува кон крајот на јануари и почетокот на февруари, информираат од Министерството за здравство.По пат на јавна набавка, се посочува, Министерството набави 28.000 вакцини за грип, со кои бесплатно ќе се вакцинираат бремени жени во кој било период од бременоста, деца на возраст од шест месеци до пет години, лица на возраст над 65 години и лица со хронични болести.

Од Центарот за јавно здравје од Битола велат дека годинава од Министерството за здравство ќе добијат 2800 бесплатни вакцини, а веќе набавиле 3000 комерцијални вакцини кои се наменети за сите останати граѓани кои сакаат да се вакцинираат.

Вакцинацијата ќе се закажува преку матичните лекари. Постапката за набавка на вакцините против грип се спроведува во рамки на утрврдените рокови според Законот за јавни набавкистои во соопштението.

Share.