2.935 слободни места за упис на УКЛО

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола  го објави конкурсот за упис на студенти за академската 2019/2020 година. Вкупно 2.935 места се слободни, од кои 1.575 за редовни студенти, 820 за кофинансирање, а 540 – вонредни. Првиот уписен рок ќе се реализира на 29 и 30 август.
Најмногу студенти (505) можат да бидат примени на Техничкиот факултет од Битола, 400 на Факултетот за информатички и комуникациски технологии и на Факултетот за безбедност во Скопје, 330 на Економскиот факултет, 300 на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, 280 на Високата медицинска школа, 215 на Педагошкиот факултет, 165 – Факултетот за биотехнички науки – Битола, 12 на Правниот факултет во Кичево и 45 на Ветерина.

Како и во минатите години, надоместот што го плаќаат редовните е 200 евра, а за тие што ќе се запишат во квотата за кофинансирање или за вонредни ќе плаќаат по 400 евра.

Единиците на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола нема да наплаќаат
партиципација за:

 лица без родители помлади од 26 годишна возраст, доколку се невработени;
 лица со инвалидност во согласност со уредбата која ја донесува Владата;
 воени инвалиди;
 лица растени во домови за напуштени деца доколку се невработении
 други лица утврдени со уредбата на Владата.

Право на запишување на прв циклус(додипломски студии) на единиците имаат:

 Кандидати кои положиле државна или меѓународна матура
 Кандидати со завршено четиригодишно средно образование во
претходните учебни години (пред учебната 2007/2008 година) кои не полагале
државна матура.
 Кандидати што имаат завршено високо или вишо образование на сродни
факултети и виши школи и кандидати кои паралелно студираат сродни
факултети, студиски групи или насоки.
Овие кандидати се запишуваат со школарина на студиите како редовни или
вонредни студенти надвор од вкупната квота според успехот од завршеното
претходно образование.
Сродноста на завршеното високо или вишо образование, како и сродноста на
факултетите, студиските групи или насоки за кандидатите кои сакаат паралелно
да студираат две студиски програми, ја утврдуваат и објавуваат единиците на
Универзитетот.
 Кандидати кои целосно или делумно завршиле средно четиригодишно
образование во странство.

Вториот уписен рок е на 13 и 16.септември а третиот е 24 септември 2019.

Share.