20 пријави за штети во Охрид

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

До Центарот за управување со кризи досега има 20 пријави за штети во Охрид, предизвикани од последниот земјотрес. Главно станува збор за напукнати ѕидови, а граѓани пријавиле и паднат бојлер. Исто така, пријавен е и еден паднат оџак, кој оштетил возило на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид.

За конкретни штети најчесто се јавуваат сопствениците на супермаркети, каде има поголем број паднати рафтови.

Последниот земјотрес во Охрид, кој го зафати регионот денеска, околу 13.18 часот, предивика паника и вознемиреност кај жителите и туристите, а потресот беше почувствуван и во главниот град.

makfax.com.m

Share.