-20 степени во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Поларни температури преовладуваат во земјава. Најстудено ноќеска беше во Маврово, минус 21 степен. Во Битола, Тетово и во Лазарополе се регистрирани 20 степени под нулата.

Во Скопје температурата падна на минус 11 целзиусови, во Штип минус 10, Дојран и Гевгелија по минус 7 степени.

И денеска се очекува студено време, со температура во интервал од минус 10 до минус 2 степена. Во Скопје до минус 6, а има услови и за слабо провејување на снег.

Порастот на температурата се очекува в четврток, со можни врнежи од снег.

Share.