2020 година беше лоша за црнодробните заболувања и карциномот на црниот дроб

Според најновите податоци на СЗО и Европската комисија, 2020 година во регионот  беше особено лоша по однос на црнодробните заболувања и особено карциномот на црниот дроб. Доколку не се преземат мерки ќе има значителна прогресија на оваа болест.
-Се искачи на третото високо место од седмо, позиција која ја држеше карцином на гради. Треба да се активираме повеќе во овој дел, односно да обрнеме повеќе внимание на замастувањето на црниот дроб, дебелината, а од друга страна и алкохолот, кој се повеќе луѓе го користат. Се предвидува дека во наредниот период црнодробниот карцином ќе има прогресија до 40% ако не се перземе ништо во наредните 5 години, изјави Милан Мишковиќ, Хепар центар Битола.
Кои мерки треба да е преземат?
-Пред се мора да се работи на превентивната и рана дијагностика, скрининг и реодвни контроли, вели тој.
Инаку оваа година со повеќе активности во Битола и Скопје ќе биде одбележан 28 јули, Светскиот ден за борба против хепатитот.

Сподели