22 години театар Солза и смеа

0
661

Од формирањето на 7- ми февруари пред 22 години кога започнаа како аматерска група, екипата на Солза и смеа, прераснаа во мал театар во кој продефилирале над 70 актери кои одиграле повеќе од 80 премиери, претстави, многубројни скечеви и два филмови.

Со новата премиера насловена Училиште за кловнови, овој театар го прослави својот 22-ви роденден.

Минатата година во периодот во кој беше актуелно подготвувањето на зимницата промовираа нов хит, песната „Ти лути ајваро“.

Покрај хумористичните скечеви на Тера телевизија, урнебесните комедии, со хуморот продолжуваат и во музиката со одлични пародии. Тука се песните „Марија меси кифлиња“ , „Излези мајко“,  „Јас сум Македонец“.

Периодот кој следува најавуваат нешто ново за кое подетално ќе ја информираат јавноста.