23 години од формирањето на Здружението за македонско-германско пријателство

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со приредба на германски и македонски јазик, 70 ученици од 6 основни и средни училишта во Битола ја одбележаа 23 годишнината од постоењето на Здружението за македонско-германско пријателство во Битола.

На свеченоста, Д-р Валентина Илиева професор по германски јазик и основач на здружението констатираше дека ако пред 23 години професијата професор по германски јазик беше загрозена, бидејќи имаше помалку настава по германски јазик, денеска истакна дека можат да се пофалат дека во сите основи и средни училиште се одржува настава по германски јазик.

На роденденот тие прославија 250 години од раѓањето на Александар Фон Хумболт и 200 години од раѓањето на Клара Шуман.

Она што учениците со нивните професорки го подготвија, го претставија на оваа приредба.

 

На свеченоста присуствуваше и германскиот амбасадор во нашата држава Томас Герберих кој рече дека многу се радува за се она што Илиева го направила во овие 23 години на полето на изучувањето на германскиот јазик и збогатувањето на соработката меѓу двата народа.

Амбасадорот на учесниците во приредбата за роденденот на здружението им подари пригодни подароци.

 

Share.