ТЕРА

REKLAMA???

24 ЧАСОВНА СООБРАЌАЈНА КОНТРОЛА НА ПАТОТ БИТОЛА-МЕЏИТЛИЈА

СВР Битола информира дека во периодот наназад драстично се зголемени контролите на патиштата.

Се спроведуваат секојдневно акциски контроли при што покрај превентивното делување на учесниците во сообраќај, се казнува и за брзо возење, управување возило под дејство на алкохол, непрописно паркирање, недавање првенство на минување, неносење на сигурносен појас, користење на мобилен телефон при управување на моторно возило.

Од полиција велат дека следејќи ја состојбата со сообраќајот, не само во централното градско подрачје туку и на отворените патишта, излезите од градот, односно, генерално на цело подрачје на СВР Битола, констатирана е појава на непочитување на сообраќајните правила и прописи и затоа сообраќајната полиција при Секторот за внатрешни работи Битола секојдневно презема низа мерки и активности кои што ги реализираат во поглед на спречување на ваквиот негативен тренд.

„Со оглед на работа на патниот правец Битола -Граничен премин Меџитлија, Грчка граница, бидејќи истиот е сеуште во реконструкција, во последниот месец во нашата статистика бележиме неколку сообраќајни незгоди со потешко последици од кои за жал и две жртви.

Заради тоа, сакаме да Ве информираме дека сообраќајната полиција на СВР Битола е застапена со постојани полициски патроли на тој патен правец при што ги преземаме сите неопходни мерки за да може да се обезбеди нормален тек на сообраќајот како и побезбеден сообраќај за граѓаните кои го користат тој патен правец“ велат од битолската полиција.

За од синоќа на патот Битола -Граничен премин Меџитлија, полицијата најави има 24 часовна сообраќајна полициски патрола.

Фото: Архива