25 години Радио 106 Битола

0
1675

На денешен ден пред 25 години во етер своја програма започна да емитува Радио 106. Со текот на годините од локално радио, прераснува во регионално кое е едно од најслушаните и лидер во пелагонискиот регион.

На 14 ти февруари, 1993 започна приказната за најслушаното радио во регионот.

Примарна цел на оваа радио станица е презентирање на најновата музика, секогаш со најновите вести од музичката сцена и секогаш презентирајќи ги новите песни пред било која друга радио станица.

106-ка е една од најслушаните радиостаници во Битола со програма направена според европските стандарди за хит радио станица.

106-ка од Битола емитува програма од сопствена продукција, од забавен и информативен карактер.