26 лица повредени во сообраќајка на патот Кочани- Штип

0
1266

На магистралниот пат Кочани- Штип утринава околу 06.00 часот се случила сообраќајна несреќа меѓу две комбиња и камион. Со повреди од сообраќајката се здобиле дури 26 лица кои побарале помош во Медицинскиот центар во Кочани.

„Помеѓу селата Чешиново и Кучичино се случила сообраќајна незгода помеѓу две комбиња “Фиат Дукато“, со штипски регистерски таблици, “Форд транзит“ со кочански регистарски таблички, како и товарно моторно возило “Сканија“ исто така со кочански регистерски таблици. До сега се пријавени 26 лица со повреди и истите биле префрлени во Медицинскиот центар во Кочани. “, велат од полицијата.

fokus.mk