28 годишна битолчанка повредена во сообраќајка кај Фариш

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На 21.10.2018 година околу 14,00 часот било пријавено дека на Магистралниот пат  Градско – Прилеп, пред тунелот во село Фариш, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел кадет“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 35 годишно лице од Битола и патничко возило „Форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 52 годишно лице од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобил  сопатникот во возилото „Опел“, 28 годишно лице од Битола. Со возило на Итна медицинска помош таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.

Share.