28-те најсиромашни земји во светот

0
679

Земјите од Африка и Блискиот Исток, уништени од војната и глад, и натаму остануваат најсиромашни во светот, според податоците објавени од Меѓународниот монетарен фонд.

Двапати годишно, ММФ објавува огромен број податоци за економската моќ на светските земји, при што главниот индикатор е бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител.

ММФ ги рангира земјите низ светот во однос на паритетот на куповната моќ по глава на жител. Овој индикатор ги зема предвид релативните трошоци за живот и стапката на инфлација во земјите за споредување на животниот стандард меѓу различните земји, пренесува Businessesider.

Повеќето земји на врвот на оваа листа се под авторитарни режими, со значителна корупција. Ова е главна пречка за странските инвеститори, иако некои од овие земји имаат огромни количини на природни ресурси.

Листа ги вклучува сите 28 земји каде БДП по глава на жител е под 1.000 долари годишно.

Ова е листата:

28. Судан – 992 долари

27. Бенин – 966 долари

26. Чад – 919 долари

25. Непал – 918 долари

24. Мали – 917 долари

23. Гвинеја-Бисао – 910 долари

22. Етиопија – 909 долари

21. Коморски острови – 869 долари

20. Таџикистан – 848 долари

19. Хаити – 847 долари

18. Руанда – 819 долари

17. Гвинеја – 816 долари

16. Буркина Фасо – 750 долари

15. Либерија – 722 долари

14. Уганда – 711 долари

13. Того – 698 долари

12. Авганистан – 601 долари

11. Нигерија – 510 долари

10. Сиера Леоне – 505 долари

9. Гамбија – 500 долари

8. Мадагаскар – 479 долари

7. Конго – 477 долари

6. Мозамбик – 472 долари

5. Јемен – 449 долари

4. Централноафриканска Република – 425 долари

3. Малави – 342 долари

2. Бурунди – 339 долари

1. Јужен Судан – 246 долари

faktor.mk