-3 во Битола, до крајот на денот променливо облачно

0
221

Утринава најстудено во Маврово со -5 степени, -4 Лазарополе, Дебар, Тетово, -3 Битола, Кр. Паланка, Берово, -2 Д. Капија, Пожаране, Крушево, Претор, Прилеп, Штип, Скопје, -1 Охрид, 0 Ѓуриште, Струмица, Тополчани, 1 Виница, Гевгелија, 4 Дојран.

Во поголемиот дел од земјата е ведро и посвежо. со слаб југоисточен ветер. На југоисток има мал до умерена облачност. Во Демиркаписко има слаба магла.

Времето денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност од средината на денот и со слаб до умерен југоисточен ветер најизразен вдолж Повардарието. На југоисток ќе има повремено зголемена облачност и услови за појава на слаб локален дожд. Температурата во интервал од 8 до 14 степени.

Утре од предпладне и на југозапад ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Поради влажен воздушен бран од средината на денот од западните делови ќе започнат врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет кои попладне и вечерта ќе се преместуваат кон исток. На високите планини овие врнежи ќе се од снег. Ќе дува и умерен до засилен ветер од југоисточен правец најизразен вдолж Повардарието. Во четврток и петок ќе преовладува стабилно време, а нов влажен бран со пообилни врнежи се очекува за време на викендот.