3 починати во Ковид центарот во Битола

Во последните 24 часа, тројца пациенти починаа во регионалниот Ковид центар во Битола.  Пациентите се на возраст од 64, 65 и 74 години и сите се од Битола.

Утрово бројот на хоспитализирани пациенти е 138.

Вчера во Битола беа регистрирани нови 85 случаи. Имаше и тројца починати пациенти и 25 оздравени.

Сподели