3 см снег во Битола и 0 степени утрово

Утрово во 8 часот висината на снежната беше 3 см во Битола и Маврови Анови, 2 Дебар, 1 Охрид, Крушево, Пожаране, Тополчани.

Утрово најстудено со -9 степени беше на Попова Шапка, -6 Маврови Анови, Крушево, -2 Берово, Крива Паланка, -1 Охрид, Дебар, Прилеп, Претор, 0 Скопје-Петровец, Тетово, Битола, 1 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Штип, 2 Струмица, 3 Демир Капија, 4 Дојран, 5 Гевгелија.

Во текот на ноќта и утринава облачно, на планините на северозапад со врнежи од снег. Врнежи од снег во текот на ноќта и ова утро имаше и на пониските места во југозападните делови, во Охридско-Преспанскиот регион и во Пелагонија. Дуваше слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Времето денеска  претпладне променливо облачно, во југозападните делови се уште ќе има слаби врнежи од снег. Во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието.

Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14 степени. Во Битола температурата до 9 степени.

Сподели