30 години „Боеми“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Битолските „Боеми“ денес пред своите соработници, пријатели и медиумите го одбележаа својот јубилеј 30 години постоење на музичката сцена, а на денешниот прес го започнаа со песна.

Се потсетија на своите почетоци во 1989 година и ја раскажаа приказната за тоа како започнале да музицираат заедно и од каде им е идејата за името „Боеми“.

Во овие 30 години зад нив стојат бројни настапи на фестивали, снимени песни, забави и незаборавни мометни, а овој период во различни локали од градот со нивни свирки го одбележуваат како што тие го нарекоа, месец на Боеми.

Панов објасни и за тоа што треба за да се опстои 30 години на естрадата.

Секогаш сме соработувале со оние композитори кои ни поудиле градска песна, додава Панов.

Тасевски ги претстави идните планови на Боеми и додаде дека остануваат на концептот градска група.

Парите никогаш не ни биле целта, вели Панов.

Следува уште градска музика, како што велат Боемите, но и концерти кои ќе бидат на задоволство на нивната публика.

Share.