30 години „Папал дизајн“

Три децении „Папал дизајн“, бренд на Битола. Формирана во 1991г. во периодот на трансформација, кога се формираше Македонија. Основач на фирмата e Велчо Петровски – ПАПАЛ. Денес  после 30 години постоење може гордо да се претстави како лидер во дизајнирање на излози за фирми како и за изработка на секаков вид на светлечки реклами.Еснафски како што и доликува на конзулска Битола, во улицата кај Ѕвончарите, пред својата фирма денеска Папалот заедно со своите пријатели, колеги, соработници го одбележа три децениското постоње. Свеченоста започна со настапот на Танцовиот спортски клуб ,,Step up” од Битола.

Раскажа како започна неговата приказна.

„ Приказната почна како аранжер од Нова трговија „Јавор“. Трансформацијата 1991 година ме натера нешто да продолжам и продолжив со рекламите. Практично јас сум по струка аранжер кој што ги уредуваше стоковните куќи“, рече Папалот.

Вели 70% од рекламите во градот ги направиле тие.

„Имам направено некаде сигурно 70% од рекламите во градот.  Сум одел на многу ризични места, да ги направам, затоа што мора да се монтира рекламата, рекламата не е само да ја направиш, сум поминал разни периоди. Сите работи кои што ги правев ги правев со многу пријатели околу мене. Многу моменти поминав во овој дуќан. Тука кај мене се прават многу години вртење на парето, 30 години се прави на Св. Никола крапот“, вели Папалот .

Упати порака до младите кои што сакаат да започнат свој сопствен бизнис.

„Младите треба само да работаат. Треба да работат и да се надеваат дека еден ден сето она што го вложиле како труд ќе им се врати. Тие не сакаат да вложат труд сакајќи да добијат веднаш. Сите сакаат наеднаш се да направат и да добијат веднаш, така неможат. Јас сум емотивно презадаоволен, духовно исполнет, но материјално не е баш така, затоа што имало моменти да неземам плата, да немам ништо за да опстане бизнисот. Јас неможев да го оставам бизнисот и да го променам „Папал дизајн“. „Папал дизајн“ почна, а борбата продолжува да се зачува“, вели Петровски-Папал.

Прашавме кој е рецептот за успех?

„Рецептот за успех е жената која што ветерот од позади ми го дува, таа беше цело време со мене и двајцата синови. Значи без ветерот некој да го турка неможиш. Во 30 години поминав и тешки и убави моменти. Не можете да развивате денес бизнис, мојот бизнис е врзан со екипа . Јас сам неможам сето тоа да го водов. Фактички јас сум дланката која ги мрда прстите. Секогаш околу мене имало деца, благодарен сум на сите кои биле во Папал дизајн, поминале“, вели Папалот.

Свеченоста беше заокружена со доделување на благодарници за соработниците.

Сподели