30 загинати туристи од Кина загинаа во Северна Кореја

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Повеќе кинески туристи загинаа и се повредени во тешката сообраќајна несреќа во Северна Кореја, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи. Кинеската државна телевизија наведе дека има повеќе од 30 мртви.

Сударот се случил синоќ во провинцијата Северна Хвангхе, јужно од севернокорејската престолнина Пјонгјанг.

Кина и Северна Кореја делат долга граница, а Кина е најголемиот трговски партнер на Северна Кореја и кинеските туристи се меѓу најголемите групи на посетители на таа земја.

Share.