Во свечената сала на КИЦ, Офицерскиот дом се одржа свечениот концерт во рамките на проектот “Детски камп за класична музика”. На истиот настапија 30 млади таленти од Македонија, Србија и Албанија.
На концертот настапија: Алексеј Белевски, Фотина Наумовска, Вики Мучолари, Јане Петровски, Дуња Мрваљевиќ, Бјорн Троја, Изабела Ѓеоргиев, Милана Јанчиќ, Алекс Евро, Исидора Видовиќ, Тамара Василевска, Вук Немаровиќ, Димитри Пелумби, Леон Жарко, Катерина Насто, Матеа Стојаноска, Ериса Морава, Јована Арсоска, Јана Блажеска, Ернест Таселари, Аница Нелоска, Јони Теодори, Ерика Ахмети, Јурген Мехметлари.

Корепетитори беа Верица Дивитарова, Паола Кондакци и Анастасија Холц.
На овој настан присуствуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Концертот беше како круна на деновите поминати заедно на учесниците во кампот, во меѓународна културна симбиоза, блесна и го заокружи настанот, со што Битола се збогати со уште еден културен настан за паметење. Самиот проект структурно коципиран е врз идејата за што поголема мобилност и размена на култури помеѓу земјите од Западен Балкан.
Целната група во проектот се децата, кои се наши музички амбасадори и класичната музика.












