31 -то издание на интернационалниот фестивал на класична музика ИНТЕРФЕСТ-БИТОЛА , ќе се одржи од 03 до 12 октомври.
Македонската опера и балет ќе настапи на свеченото отварање со изведба на 2 Балетски претстави „Кармен”, „Валпургиска ноќ”, од Родион Шчедрин (Бизе, Гуно) во Центарот за култура. Кореограф на претставите е Габор Кевехази од Унгарија.

Следните денови фестивалот Интерефст изобилува со богата програма, па така тука се концертите на Мерсиха Шукри на харфа, концертот „Виенски инструментални солисти” со Кристијан Лев, труба, Австрија и Карл Ајхингер,пијано; концертот на Игор Милевски и Владимир Димовски, учесниците од Италија Лапо Ванучи и Лука Торџијани, концертот на Хусеин Сермет од Турција, Кристијан Солдан од Германија.
Свеченото затворање ке биде во среда, 12. 10. во Офицерскиот дом, со настапот на
Камерниот оркестар на Битола и Рафаеле Д’Анџело, пијано и Марија Рита Панела, пијано од Италија. Диригент на концертот ќе биде Владимир Димовски, а ќе бидат изведени дела на Моцарт .
Во рамките на годинешното издание е и ликовната изложба „Пат за Дихово” на Миливоје Новаковиќ Кањош, од Србија, претставата на Ларс Норен: „Демони” во режија на Васил Христов и во изведба на Битолскиот театар, поетската вечер со Славко Јаневски, на која ќе настапи актерот Петар Мирчевски. Тука е и дисперзираниот концерт на Лучиано Помпилио, гитара, Италија кој беше изведен во Национална галерија „Даут Пашин Амам”, Скопје.
Интернационалниот фестивал на класична музика ИНТЕРФЕСТ-БИТОЛА кој традиционално се одржува во октомври, е основан во 1992 година . Од 1994 год. директор е Кирил Рибарски, а Милица Шперовик-Рибарски уметнички директор .
Со своите врвни уметнички дострели Интерефст Битола, придонесува за растежот на културното живеење на градот и Македонија, но и за афирмацијата на македонската музичка култура во светот.












