31 починато лице, од нив 4 од Битола

Пријавени се вкупно 31 починато лице: 8 од Скопје (70г, 71г , 76г, 76г, 78г, 79г, 80г, 80г), 4 починати лица од Битола (58г, 64г, 79г и 84г), 3 од Куманово (48г, 74г и 68г), по 2 лица од Гевгелија (68г и 73г), Кавадарци (69г и 80г) и Кочани (71г и 73г) и по едно лице од Велес (76г), Струга (74г), Гостивар (61г), Дебар (78г), Кичево (66г), Охрид (71г), Прилеп (81г), Струмица (59г), Тетово (61г) и Штип (66г).

Од починатите пациенти, едно лице е починато во домашни услови, а останатите 30 лица во болнички услови.

Прочитај и: 80 нови случаи во Битола и 101 оздравен пациент

Во изминатите 24 часа  во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 970 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 134 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.
Во болницата во Штип се хоспитализирани 93 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 96 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 107 во ковид центарот во Гостивар 45, а во Струга 21 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 93 пациенти, во Кочани 23 во Кичево 31, Кавадарци 64, а во Гевгелија 24 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1667 и има околу 360 празни болнички кревети во ковид центрите.
Сподели