316 нови случаи на Ковид 19, од нив 8 во Битола

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

• Направени се 3.486 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 140, Куманово – 38, Велес и Штип – по 19, Кавадарци – 16, Прилеп и Охрид – по 12, Струмица – 11, Битола – 8, Пробиштип – 6, Тетово и Свети Николе – по 5, Неготино и Крива Паланка – по 4, Струга и Кратово – по 3, Кичево, Кочани и Гевгелија – по 2, Радовиш, Виница, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

• Регистрирани сe 240 оздравени пациенти од: Скопје – 107, Куманово – 27, Штип и Кочани – по 14, Велес – 12, Кавадарци – 11, Прилеп – 10, Битола – 9, Гевгелија – 8, Тетово – 7, Кичево – 6, Кратово и Демир Хисар – по 3, Охрид – 2, Свети Николе, Неготино, Радовиш, Ресен, Делчево, Богданци и Македонски Брод – по 1.

• Во текот на изминатите 24 часа починале 10 лица: 3 починати лица од Куманово (32г, 72г и 77г), по 2 починати лица од Охрид (59г и 64г) и Свети Николе (66г и 68г) и по едно починато лице од Крива Паланка (88г), Берово (74г) и Скопје (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 4 починати лица, со датум на смрт од 13.09.2021 до 17.09.2021 година. Регистрирани се 2 лица од Гостивар и по едно лице од Куманово, и Ресен на возраст од 46 до 68 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Сподели