32 години од катастрофата во Чернобил

0
644

Меѓународниот ден на сеќавање на катастрофата во нуклеарната централа во Чернобил во 1986 година ќе биде одбележан денес низ целиот свет.

Експлозијата во нуклеарната електрана во Чернобил во Украина испрати радиоактивен облак низ големи делови на Советскиот Сојуз, денешните територии на Украина, Русија и Белорусија, а на радијацијата во тие земји беа изложени речиси 8,4 милиони луѓе.

До несреќата дојде при тестирањето на безбедноста на реакторот во случај на снемување струја.

Во самата експлозија загинаа две лица, а во подоцнежните денови, месеци и години од акутните последици на радијацијата и од рак умреа уште неколку десетици.

Блискиот град Припјат е целосно напуштен.

ОН во 2016 година 26 април го прогласија за Меѓународен ден на сеќавање на катастрофата во Чернобил, а национален меморијал е воспоставен и во Русија и во Белорусија.

mkd.mk