Во текот на изминатата вечер (15/16.07.2023)во периодот од 00.00-05.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, соопшти битолската полиција.
При контролата санкционирани се 32 возачи од кои (22 вo Битола, 5 во Прилеп, 4 во Ресен ,1 Македонски Брод). За време на контролата биле санкционирани и 12 други видови прекршоци.
Од СВР Битола велат дека акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.












