34 казни напиша инспекторатот за палење стрништа низ државата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) информираше дека за време на викендот ги зачести контролите на терен,  особено во оние региони каде што има потенцијална опасност од плаење на стрништатта на земјоделско земјиште.

Од Државниот инспекторат за земјоделие информираат дека соработката со општините, како и со полициските единици на МВР е добра, особено во Кочани каде што оваа појава е најзачестена, а се со цел запирање на трендот на загадувањето на воздухот, палењето на стрништа, палењето на шумите и друга вегетација, а контролите на терен да се вршат самоницијативно или тимски со преставници на Министерството за внатрешни работи, Територијалната противпожарна единица и Државниот инспекторат за земјоделство секаде онаму каде има земјоделски површини и посто и опасност од палење на стрништа и друга вегетација.

Од досегашните спроведени контроли, кои се повеќе од 200, изготвени се записници и 34 казни, од кои 5 барања за прекршична постапка за сторен прекршок спротивно на член 46 став 2 а казниво по член 61 став 3 од Законот за земјоделското земјиште, а констатирана е опожарена површина од околу 250 хектари

Државниот инспекторат за земјоделие ќе продолжат со интензивините контроли на терен, со цел континуирана и посветена борба против аерозагадувањето кое се случува преку палење на стрништа и земјоделски површини.

Засилените контроли се резултат на иницијативата на претседателот на Владата Зоран Заев за зајакнување на инспекцискиот надзор со вклучување на припадници на полицијата, стои во соопштението од Владата.

Share.