ТЕРА

REKLAMA???

38 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ ПРОСЛАВУВА НАВИВАЧКАТА ГРУПА „ЧКЕМБАРИ“

На 25 септемвери се навршија 38 години од почетокот на навивачката група „Чкембари“, објавија на својата фејзбук страница.
„25.09.1985 е датум кој ќе остани трајно запишани во спортската историја на Битола и Македонија. Горди сме на првата генерација која овозможи денес да се нарекуваме најстара навивачка група во Македонија, горди сме и на сите наредни генерации на Чкембари кои дале свој придонес и кои оставиле свој белег во речиси четири децениската историја.
Сегашната генерација на Чкембари ги поканува сите претходни генерации да дојдат на Магнолија во среда од 16:30 часот и заедно да го славиме името Чкембарско, заедно да згрмиме на Широк Сокак.
38 години не е јубилеј, но и не е така честа прилика да го прославиме на трибини во рамките на Лигата на шaмпиони против германскиот шампион.
ЧКЕМБАРИ, битолски синоним на непокор, верност, гордост!“ стои на нивната објава.
фото: Фејзбук страна на НГ Чкембари Битола