39 години од постоењето на Малиот Битолски Монмартр

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

39 годишнината на Малиот Битолски Монмартр денеска беше одбележана пред детското студио „Св.Кирил и Методиј“ во Старата битолска чаршија.

Малкумина беа пред студиото заради актуелната состојба во коронавирусот и мерките кои треба да се почитуваат.

За разлика од претходните години годинава нема деца од светот кои ќе творат низ градот.

На денешниот настан пред Битолскиот монмарт беше и градоначалничката на Битола Наташа Петровска.

Оваа година им пристигнале 15 000 цртежи од целиот свет, а до година најавија дека ќе стигнат уште повеќе и дека јубилејот од 40 години ќе го одбележат спектакуларно.

Гран при наградата годинава за ученичката  Марија Дима од Романија, која има битолско потекло. Таа не дојде во Битола, а во нејзино име наградата ја прими конзулот на Романија во Битола.

 

 

Share.