ТЕРА

REKLAMA???

4 ЛИЦА ЗАГИНАА ВО НАПАДОТ НА БОЖИЌЕН ПАЗАР ВО ГЕРМАНИЈА

Бројот на жртвите во нападот на божиќниот пазар во германскиот град Магдебург се искачи на четири, а 41 лице се тешко повредени, објави весникот „Билд“, повикувајќи се на полицијата.

Според полицијата, инцидентот се случил синпќа кога возило се забило директно во посетители на пазарот.

Возачот на автомобилот е приведен, соопштуваат локалните медиуми. Сведоци изјавиле дека возилото се движело право во насобраната толпа, јави Би-Би-Си.

Според информациите на германскиот весник, вкупно 205 лица се повредени, 86 лица се згрижени во болници со тешки повреди, додека 78 лица се здобиле со полесни повреди во нападот.

Министерството за внатрешни работи на регионот Саксонија-Анхалт го квалификува инцидентот како напад. Канцеларот на Германија, Олаф Шолц, реагираше на настанот, изразувајќи стравување дека инцидентот може да има тешки последици.

МИА