4 Токсични видови храна кои не смееете да им ги давате на вашите миленици

Од скари во дворот до забави на базен прославите се можност за нашите кучиња и мачки да бидат изложени на храна што може трајно да им наштети: сочни ребра, хамбургери со небесен мирис, риба со путер и други. Додека вие мислите дека можеби го разгалувате вашето домашно милениче фрлајжи му грицки тука и таму, можно е и случајно го труете со некој вид на храна. 

1. Алкохол

Алкохолот брзо се апсорбира во крвотокот и брзо влијае на домашните миленици. Домашните миленици може лесно да се напијат од фрлена чаша вино, пиво или особено сангрија оставена да седи на земја за време на забава. Голтањето алкохол може да предизвика опасни падови на шеќер во крвта, крвен притисок и телесна температура. Опиените животни можат да доживеат напади и респираторна инсуфициенција. Десертите кои содржат алкохол или тесто што содржи квасец често се непознатите виновници за вакви инцидендти.

2. Масни сала и коски

Остатоците од трпезата често содржат маснотии од месо што човекот не ги јадел, како и коски. Двете се опасни за кучињата. Маснотии исечени од месо, и варено и неварено, може да предизвикаат панкреатит кај кучињата. И, иако се чини природно да му се даде на кучето коска, кучето може да се задави. Коските исто така можат да се распарчат и да предизвикаат опструкција или парчиња да заглават во дигестивниот систем на вашето куче. Имајте корпа за ѓубре со капак или кеса за ѓубре што може лесно да се запечати, така што вашето домашно милениче не може да ги дофати остатоците на сало или коски. Бидете сигурни да ги замолите децата и другите посетители на забави да не фрлаат коски, свинско, мисирка или коски од ребра на земја, бидејќи вашите миленици ќе имаат лесен пристап до нив а, тоа е ризично за нив.

3. Мрсна храна

Храната богата со маснотии може да предизвика повраќање и дијареа. Панкреатитисот  е честа појава по ингестијата на масен оброк кај кучињата. Одредени раси како минијатурни шнаузери, овчарски кучиња, Шетланд и Јоркширски Териер се чини дека се повеќе подложни на напад на панкреатит отколку другите раси. Борете се против искушението да ги споделите остатоците од брза храна, нездрава храна или храна зготвена во маснотии со вашето куче, како што се хамбургери, виршли, ребра, стек, свинско и пржено пилешко.

4. Месо од сурова риба/Сурово месо

Суровото месо и сурова риба, како и сировите јајца, можат да содржат бактерии кои предизвикуваат труење со храна. Чувајте ја сировата риба и месо во област каде што вашето домашно милениче не може да ја дофати зошто тоа не ја знае оваа токсична супстанца. Одредени видови риби како лосос, пастрмка или есетра може да содржат паразит што предизвикува „болест на риба“. Ако овој паразит не се лекува, болеста може да биде фатална за куќето во рок од само 2 недели. Првите знаци на болест се повраќање, треска и големи лимфни јазли. Темелното готвење риба е најбезбедно, зошто високите температури помагаат да се уништо паразитот а на тој начин вашето куче ќе биде безбедно.

Сподели