ТЕРА

REKLAMA???

40 ЛИЦА ЗАГИНАЛЕ, А НАД 100 ПОВРЕДЕНИ ВО НАПАД ВО КОНЦЕРТНА САЛА ВО РУСИЈА

Според првичните податоци 40 лица загинале, а повеќе од 100 се повредени во терористичкиот напад во „Крокус Сити Хол“ во московската област, јавуваат руските медиуми повикувајќи се на центарот за односи со јавноста на ФСБ (Федералната служба за безбедност).

Маскирани вооружени лица отворија оган во концертна сала во Красногорск, територија во непосредна близина на главниот град Москва.

Руската полиција уапси едно лице осомничено за нападот во трговски центар кај Москва, јавија локалните медиуми.

Портпаролот на претседателот Владимир Путин, Дмитриј Песков, рече дека лидерот на Кремљ бил информиран „во првите минути“ од нападот и дека „постојано добива информации за тоа што се случува на терен, како и за мерките што се преземаат преку сите релевантни служби“.

Тој рече дека Путин „ги дал сите потребни инструкции“.